Свет

Десетици загинати во поплавите во Бангладеш и Индија

Најмалку 59 лица загинаа во лизгање на земјиштето и удари од гром за време на силните монсунски бури во Бангладеш и Индија.

Милиони луѓе се блокирани, додека итните служби се борат да стигнат до најсиромашните.

Метеоролозите предупредуваат дека во следните неколку дена се очекува влошување на временските услови и поголеми поплави, а официјални лица од владата на Бангладеш оваа ситуација ја опишуваат како најлоша во таа земја од 2004 година, пренесува Би-би-си.

Континуираните дождови во текот на изминатата недела поплавија огромни делови од североисточниот дел на Бангладеш, а ситуацијата е влошена од истекувањето на дождовницата од планините во соседна Индија.

Училиштата се претворени во импровизирани засолништа, а воени трупи се распоредени да ги евакуираат домаќинствата отсечени од соседните заедници поради зголеменото ниво на вода и поплави.

Во државата Асам во соседна Индија, повеќе од 1,8 милиони луѓе беа погодени од поплавите по петдневни непрестајни дождови.

На почеток