Свет

Бајден: Украина најверојатно ќе стане членка на ЕУ

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Украина „најверојатно“ ќе стане членка на ЕУ.

За време на кратката пауза пред заминувањето на самитот на НАТО во Мадрид, тој изјави дека неговата посета на Украина „се уште е на маса“, но дека тоа најверојатно нема да се случи за време на неговата европска турнеја.

Да потсетиме, Европската комисија минатата недела препорача Украина да добие статус на кандидат за членство во Унијата, што треба официјално да го потврдат сите 27 членки на ЕУ.

На почеток