Владата денес ќе одлучува за изготвување на закон за нефер трговски практики
Владата на Република Северна Македонија, денеска, 21.6.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 54-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, на предлог на Министерството за економија ќе се разгледува Предлог-законот за заштита на потрошувачите како и Информација за потребата од изготвување на закон за нефер трговски практики.
Меѓу другото, на денешната седница пред министрите ќе се најде и Предлог на закон за изменување на Законот за извршување на санкции, изготвен од Министерството за правда.
За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:30 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.