(ВИДЕО) Над 250 загинати во земјотрес во Авганистан
Најмалку 255 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што ја погоди провинцијата Пактика во источен Авганистан, јави Ројтерс.
Islamabad #earthquake magnitude of 6.1 on richter scale with 44KM South West of Khost in #Afghanistan being its epicentre while the depth was 50.8KMs. pic.twitter.com/KmGOF0GR8N
— The Daily CPEC (@TheDailyCPEC) June 22, 2022
Најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, каде што загинаа 100 лица, а 250 се повредени, изјави Мухамед Насим Хакани, шеф на талибанската служба за итни случаи.
Тој рече дека има жртви во источните провинции Нангархар и Кост.
An earthquake of 6.1 magnitude kills at least 257 people and around 500 injured in Afghanistan, the country’s disaster management authority says.
Stargenic: https://t.co/HGBXvMb3dW#earthquake #Afghanistan pic.twitter.com/O4wCPiBiw3
— Stargenic (@Stargenic1) June 22, 2022
Земјотресот ја погоди густо населената област на границата меѓу Авганистан и Пакистан, а беше почувствуван во опсег од 500 километри.
Земјотресот го погоди источен Авганистан на длабочина од 10 километри недалеку од границата со Пакистан, соопшти германскиот центар за геолошки истражувања.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во Авганистан, Пакистан и Индија.