Експлозија на брод со панамско знаме, повредени Црногорци

Од
Објавено на

Тројца црногорски државјани се повредени, од кои двајца потешко, во експлозија на контејнерскиот брод „MSC Rachele“ во близина на пристаништето Тулон во Франција, јавува RTCG.
Во машинскиот простор се случила експлозија која предизвикала пожар на бродот, при што се повредени три лица, од кои две потешко. Сите повредени француската морнарица ги префрлила на брегот.
Контејнерскиот брод „MSC Rachele“ кој плови под панамско знаме е товарен брод долг 334 метри со голем капацитет и носивост од околу 100.000 тони.
