Свет

Думоши му даде јајца на Курти: „Лажговци и измамници“

Пратеничката на ЛДК, Влора Думоши, премиерот Албин Курти и неговата влада ги нарече лажговци и измамници.

Таа рече дека откако се обратила во косовското Собрание им дала јајца како симбол на противење на нападот што го извршиле во парламентот додека биле во опозиција, пренесува Клан Косова.

Думоши извади јајца од џебот на фустанот и им ги даде на Курти, на претседателот на косовското собрание Гљаук Коњуфчи, како и на министерот за правда Албуљен Хаџиу.

Според Репортери, Думоши реклa дека Курти другите ги прогласил за предавници.

„Не ти велам предавник, бидејќи тоа е неодговорен епитет, ниту пак те фрлам со јајце, туку те нарекувам измамник и те прашувам дали се срамиш“, рече Думоши.

Членовите на движењето „Самоопределување“ се спротивставија на договорот за енергетика во 2015 година, фрлајќи го со јајца тогашниот премиер Иса Мустафа.

На почеток