Македонија

Бектеши го призна неуспехот со намалувањето на цените, вели Алијанса за Албанците

Министерот за економија Крешник Бектеши го призна неуспехот на Владата, вели Алијанса за Албанците.

„Тој самиот изјави дека последните мерки не дале резултат и не успеале да ги намалат цените на храна. Со ова Владата ги потврди сите наши предупредувања, затоа ги повикуваме да ги прифатат предлозите на Алијанса за Албанците за намалување на ДДВ, акцизата и маржата за горивата како и предлозите за новите блок тарифи за енергија. Денеска се покажа дека цената не е зголемена од трговците, но, високите цени на горивата како и државните даноци се главниот извор на поскапувањата. Затоа, не терајте инает со граѓаните, не ограбувајте ги уште повеќе. Прифатете ги нашите предлози и поднесете оставка од вашите позици“, се вели во соопштението,

На почеток