Магазин

Амбер Херд има план: Свесна е за крајот на нејзината кариера во Холивуд

Актерката Амбер Херд го загуби спорот што го имаше со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, за што ќе мора да му плати 8,35 милиони долари. Како што шпекулираат медиумите, таа ја отпишала својата холивудска кариера, па сега на секој начин се труди да дојде до голема сума на пари.

Според добро упатен извор од магазинот „ОК“, актерката ќе напише книга од која се надева дека ќе профитира, а во која уште еднаш ќе ја раскаже својата страна на приказната.

“Амбер смета дека нејзината кариера во Холивуд е завршена. Таа веќе е во преговори за книгата и е возбудена поради тоа. Во моментов нема што да загуби и сака да каже се”, рекол изворот.

Од друга страна, адвокатот Дрор Бајкец вели дека со објавувањето на оваа книга Амбер би можела повторно да се соочи со потенцијални тужби.

„Таа треба да биде многу внимателна. Доколку ја помине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе биде погодена од уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд“, рече Бакец.

Инаку, претставниците на медиумите не ги потврдија ниту ги демантираат написите на Херд за книгата.

На почеток