Два трактори со приколка и две патнички возила се судрија денес со што дошло до излевање на бензин на автопатот во Флорида, со што бил предизвикан пожар во кој животот го загубија седум лица, а повредени се најмалку осум.
Несреќата се случила во југозападниот дел на автопатот 75. Пожарот бил предизвикан од излевање на околу 190 литри бензин, пренесува АП.
Најмалку осум лица се хоспитализирани, а некои од нив се во критична состојба.
Спасувачките екипи го изгасиле пожарот, а властите соопштија дека судирот го третираат како истрага за убиство.
Пожарот бил силен, при што оштетил делови од патот.