Трагедија во Србија: Четири момчиња со автомобил излетаа од мост
Телата на четворицата млади момчиња кои загинаа неколку часа по полноќ кога со автомобилот излетале од мост враќајќи се од забава, биле пронајдени дури утрово околу 10 часот во коритото на реката Каменица кај селото Јаничиќ кај Чачак.
Нивниот автомобил, како што се претпоставува, удрил во дрво поради неприлагодена брзина и слетал од мостот.
Младите претходно биле на забава во тој простор, од која полицијата ги растерала гостите.
Несреќата се случила во текот на ноќта, а дури утринава околу 10 часот било забележано возило во поток во селото Јанчиќи. Нивните тела се извадени од местото на несреќата во попладневните часови, како и автомобилот во кој загинаа.
Две од момчињата имале по 19 години, еден 18 и еден 20 години.