Свет

„Лисичанск е срамнет со земја“, вели Стриук

Жителите евакуирани од Северодонецк можат да патуваат исклучиво во Русија или на окупираните територии во Украина, изјави шефот на воената администрација.

Здравствената состојба во градот е лоша и останаа само неколку лекари, изјави Олександр Стриук. Тој ја опиша ситуацијата со водата и храната во Северодонецк како критична.

Единствениот начин за украинските војници да го напуштат градот е со сплав преку реката, додаде Стриук. Тој рече дека речиси сите единици се повлекле и земале опрема колку што можеле.

„Лисичанск е срамнет со земја“, вели тој и додава дека руските сили се обидуваат да воспостават свое владеење

Градот Лисичанск, кој се наоѓа јужно од Северодонецк, е изложен на постојано гранатирање.

„Би рекол дека откако го зазедоа Северодоњецк, сите свои напори ги насочија кон Лисичанск“, вели шефот на воената администрација.

На почеток