(ВИДЕО) Поплавите во Турција предизвикаа големи штети
Обилните дождови предизвикаа поплави во северната турска провинција Кастамону, а најтешка беше ситуацијата во окрузите Инебол и Бозкурт.
Синоќешните врнежи предизвикаа излевање од коритото на реката Инебол, што предизвика штета на инфраструктурата, а поплавен е и локалниот пазар каде се урна пешачкиот мост, јавува агенцијата Анадолија.
Поплавени се и бројни објекти, а надлежните служби ги повикаа граѓаните да не се приближуваат до реката и да не ги отвораат дуќаните. Поради оштетување на инфраструктурната мрежа, поширокото подрачје на Инеболу остана без струја.
Слична е ситуацијата и во областа Бозкурт, низ која тече надојдената река Езине.
Надлежните служби се на терен и им помагаат на жителите од загрозените населени места.