Свет

(ВИДЕО) Ракетиран трговски центар во Украина

Володимир Зеленски на социјалните мрежи објави видео од трговски центар во Украина кон кој биле испукани ракети. На видеото се забележуваат огромни планмени јазици, и луѓе кои во паника бегаат.

„Регионот Полтава. Кременчук.

Окупаторите испукале ракети кон трговскиот центар, каде што имало повеќе од илјада цивили. Трговскиот центар гори, спасувачите се борат со пожарот, бројот на жртви е невозможен да се замисли.

Нема опасност за руската армија. Нема стратешка вредност. Само обидот на луѓето да живеат нормален живот, што толку ги лути окупаторите.

Русија продолжува да ја става својата немоќ на обичните граѓани. Бескорисно е да се надеваме на адекватност и хуманост од нејзина страна“, стои во објавата.

На почеток