(ФОТО) Како изгледаше трговскиот центар во Украина пред и по ракетирањето
Ракета истрелана од руските сили денеска погоди трговски центар во градот Кременчук во централна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека не можно да се замисли бројот на жртвите.
Според него, во моментот на нападот во трговскиот центар имало повеќе од 1.000 лица.
Тој не даде детали за бројката на загинати и повредени, но рече дека „невозможно е да се замисли за бројот на жртвите“.
На социјалните мрежи беа објавени фотографии од трговскиот центар пред и по ракетирањето.
„Трговски центар „Амстор“ пред доаѓањето на „рускиот свет“ и потоа“, стои во описот на фотографиите.
Shopping center "Amstor" before the arrival of the "Russian world" and after. pic.twitter.com/fN6U5FFIOm
— NEXTA (@nexta_tv) June 27, 2022