Свет

Зеленски: Губиме луѓе, сметаме на поддршката на Америка на патот кон мирот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави нова изјава во која се вели дека на Украина „и треба вистински мир“.

Неговата изјава беше објавена откако Трамп повторно жестоко го нападна, пренесува Sky News.

„Продолжуваме со нашата работа со партнерите. Веќе имавме дискусии и наскоро ќе следат други чекори“, рече тој во изјавата.

„Многу е важно да се обидеме да ја направиме нашата дипломатија навистина суштинска за што поскоро да заврши оваа војна. Ни треба вистински мир и Украинците го сакаат тоа најмногу од сè бидејќи војната ги уништува нашите градови и населби“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина работи со Америка и Европа, додавајќи: „сметаме на поддршката на Америка на патот кон мирот“.

„Го губиме нашиот народ. Мораме да ја запреме војната и да гарантираме безбедност. Потребен е мир што е можно поскоро“, рече Зеленски.

На почеток