Свет

(ВИДЕО) Објавени нови снимки од трговскиот центар во Украина каде загинаа најмалку две лица

Трговскиот центар во украинскиот град Кременчук денеска бил нападнат од руски сили, тврди претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Според него, во моментот кога трговскиот центар бил погоден со ракети, во објектот имало повеќе од 1.000 цивили.

„Нема стратешка вредност. Луѓето само сакаа да живеат нормален живот, што е она што толку многу ги лути окупаторите. Од беспомошност, Русија продолжува да удира по обичните луѓе. Залудно е да се очекува дека тоа е разумно или хумано. “, рече Зеленски. Како што може да се види на снимката од местото на настанот, трговскиот центар е во пламен, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

Во нападот загинаа најмалку две лица, а повеќе од 20 се повредени.

На почеток