Кина е загрижена за новиот стратешки концепт на НАТО

Од
Објавено на

Кина е крајно загрижена за новиот стратешки концепт на НАТО, изјави Џанг Јун, постојан претставник на Кина во ОН.
„Како и сите мирољубиви земји во светот, Кина внимателно ги следи стратегиските прилагодувања на НАТО и е длабоко загрижена за политичките импликации на таканаречениот нов стратешки концепт на Северноатлантската алијанса“, рече Џанг Јун на состанокот на Советот за безбедност на ОН во вторникот.
Тој посочи дека некои лидери на земји членки на НАТО во последно време прикажуваат други земји како закана и предупреди дека факт е дека НАТО создава проблеми во различни делови на светот.
