Свет

Путин добил порака од Зеленски

Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, изјави дека на рускиот лидер Владимир Путин му ја пренел пораката од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ја пренесов пораката од претседателот Зеленски на претседателот Путин“, рече Видодо по средбата со Путин во Москва, пренесува Би-Би-Си.

Во средата Видодо се сретна со Зеленски во Киев, а вчера во Москва со Путин.

Тој не откри што има во пораката, но додаде дека изразил „подготвеност“ да помогне да се иницира комуникација меѓу двајцата претседатели.

На почеток