Македонија

Ковачевски и натаму на состанок со партиите: Одлуката за францускиот предлог ќе ја донесеме заеднички

Премиерот Димитар Ковачевски и натаму е на состанокот со коалиционите партнери во Владата. Тие неколку часа разговараат за францускиот предлог.

„Со владината коалиција денес разговараме за европскиот предлог врзан со евроинтеграциските процеси на Република Северна Макеоднија кој вчера пристигна во МНР и за процесот за консултација кој следи понатаму. Секоја одлука поврзана со предлогот ќе ја носиме заеднички и преку широк консултативен процес“, напиша Ковачевски.

Тој објави и фотографии.

На почеток