(ФОТО) По рибарски чизми низ поплавениот центар на Скопје, невреметно откорна и дрвја
Од
Објавено на
„Вода до колена“. Вака жителите на Скопје ја опишуваат состојбата во градот по краткиот односно 15 минутен дожд. Голем дел од улиците се поплавени, а најголеми проблеми имаше во Центар и Чаир. Дожд немаше во Аеродром. Жителите на улицата „Јордан Мијалков“ која се наоѓа позади Рамстор, со рибарски гумени чизми шетаа надвор. Улицата тонеше во вода.
Силното невреме откорна и неколку дрва низ Скопје. Едно од нив е во скопски Капиштец, како и во Чаир. За среќа има само материјална штета, без повредени граѓани.