Свет

Големи пожари во Русија: 3.000 пожарникари на терен

Во Русија во изминатите 24 часа се изгаснати 60 шумски пожари на површина од 628 хектари.

Активни се уште 116 пожари, соопшти денеска противпожарната служба.

Најголемата пожарна површина зафаќа површина од над 9.000 хектари во Јакутија, каде горат 17 пожари, пренесува ТАСС.

Во гаснењето на пожарот се вклучени повеќе од 3.000 пожарникари, се вели во соопштението.

На почеток