„Изгледа дека возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците е при крај“, вели Медведев
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека „љубовта“ на Европејците и Украинците пука, бидејќи сите се веќе уморни.
„Изгледа дека возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците е при крај. Европејците повеќе не сакаат Украинци, тие се уморни од нив. Гневните Полјаци се потсетија на својот избезумен национализам. Тие гласно потсетуваат на речиси четирите милиони Украинци, кои се населиле во нивните земја, кои се во Полска“, напиша Медведев на својот канал Телеграм.
Како што пренесува Спутник, тој додал дека „слични процеси се случуваат и во други европски земји, кои започнале „љубовни игри“ со Киев“.
Медведев изјави дека од украинофилија до украинофобија е само еден чекор.
Според него, избледените чувства „нема повторно да разгорат никакви ветувања за иден не толку близок и нерамноправен брак“.