Магазин

(ВИДЕО) Мечка се качува по стрмни карпи во кањонот Пива

Мечка која вешто се качува по карпите во кањонот на реката Пива во Босна и Херцеговина стана хит на социјалните мрежи.

Мечката веројатно се исплашила од автомобилите и луѓето, поради што решила да се врати во шумата, а најбрзиот пат бил преку стрмните карпи. Мечката се покажала многу вешта во качувањето, а луѓето од автомобилите што ја снимале ја бодреле, внимавајќи да не падне.

За среќа, храбрата мечка не паднала, а кога стигнала на самиот врв, гордо се свртела кон набљудувачите како да знаела декаја снимаат, а потоа побегнала во шумата. Видеото на Твитер привлече големо внимание и собра илјадници прегледи.

„А што велат, да се качиш на дрво ако сретнеш мечка?“, „И замисли некој идиот да дојде и да пука во такво суштество поради спорт“, „Камерманот се загрижил за мечката додека овој се искачува нагоре“, „Бега од човекот, знае дека тоа е најголемото зло на светот“,се само дел од бројните коментари на видеото.

На почеток