Киев преговара со Турција
Од
Објавено на
Украина води разговори со Турција и Обединетите нации (ОН) со цел да обезбеди гаранции за извоз на жито од украинските пристаништа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Сега има разговори со Турција и ОН за безбедноста на житарките што ги напуштаат нашите пристаништа“, рече Зеленски на прес-конференција со шведската премиерка Магдалена Андерсон, пренесува Ројтерс.
Тој посочи дека е многу важно некој, освен Русија, да ја гарантира безбедноста на бродовите што превезуваат жито во одредена земја.