Актуелно

„Русија може да уништи половина од литванската економија“, вели гувернерот на Калининград

Гувернерот на Калининград Антон Алиханов вели дека Русија има капацитет ефективно да стави крај на транспортниот сектор на својот сосед.

Москва би можела да уништи половина од литванската економија како одговор на делумната трговска блокада на регионот Калининград во Русија, изјави нејзиниот гувернер, пренесува RT.

„Транспортниот сектор на балтичките земји би можел да биде уништен ако Русија примени контрасанкции за стоките што влегуваат и излегуваат од балтичките земји“, изјави гувернерот на Калининградската област Антон Алиханов за рускиот весник „Ведомости“ во понеделникот.

„Русија би можела да аправи да исчезне половина од литванската економија“, рече тој.

„Се добива впечаток дека Литванија не разбира дека регионот Калининград е дел од Русија и дека имаме кој да ни помогне. Не сме сами во соочувањето со проблемот“, додаде тој.

Калининградската област е мала руска ексклава лоцирана помеѓу Литванија и Полска, двете членки на ЕУ.

Минатиот месец Вилнус го забрани транзитот на одредени стоки меѓу регионот и остатокот од Русија, повикувајќи се на санкциите на ЕУ против Москва поради војната во Украина. Русија рече дека потегот е незаконски според меѓународното право и вети дека ќе возврати.

Алиханов рече дека „блокадата“ му штети на регионот, кој, меѓу другото, се потпира и на слободниот проток на градежни материјали.

„Да, забраната не вклучува храна, но без бетон не можеме да изградиме училишта или болници. Значи, тоа е проблем што може да влијае на нормалното живеење на повеќе од милион луѓе и за економијата на нашиот регион.

Додека властите во Калининград успеаја да го пренасочат протокот на стоки што подлежат на санкции кон Балтичкото Море, спорот со Литванија мора да се реши што е можно поскоро, рече Алиханов.

Минатата недела Ројтерс објави дека ЕУ е блиску до компромис кој ќе овозможи продолжување на трговијата на Калининград преку Литванија.

На почеток