УНХЦР: Бесмислената војна на Русија предизвика неподносливо страдање
Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет ја осуди руската „бесмислена војна“ во Украина и повика на прекин на неподносливото страдање на цивилите за време на руската инвазија.
„Како што влегуваме во петтиот месец од војната, неподносливиот биланс на војната во Украина продолжува да расте. Во име на секоја жртва на оваа бесмислена војна, барам да престанат убиствата, мачењата, произволните притворања“, рече Башеле во вторникот за време на нејзиното последно појавување пред Советот за безбедност на ОН, пишува лондонскиот весник Гардијан.
Башеле го претстави извештајот за состојбата со човековите права во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, а заврши на 15 мај.
„Големиот број на цивилни жртви и обемот на уништување на цивилната инфраструктура продолжуваат да предизвикуваат голема загриженост. Нападите извршени од руските вооружени сили не се во согласност со меѓународното хуманитарно право“, рече Башеле и нагласи дека очигледно украинските вооружени силите не го почитуваа целосно МХП во источните делови на земјата.