Актуелно

Москва: Тешко дека Лондон ќе го конфискува рускиот државен имот

Тешко дека Лондон ќе одлучи да го конфискува рускиот државен имот, тоа би го поткопало неговиот авторитет како финансиска престолнина на светот, иако во сегашната политичка ситуација ништо не треба да се исклучи, изјави рускиот амбасадор во Велика Британија Андреј Келин.

“Има многу шпекулации за тоа… Станува збор само за евентуална конфискација на имотот на физички и правни лица кои се под санкции. Но, нема правна основа за такви чекори. А многумина се сомневаат дека тоа е воопшто можно. Не зборуваме за конфискација на државниот имот. Ако тоа некогаш се случи, тоа би било напад врз светото право на приватната сопственост, врз целиот правен систем и меѓународното право“, рече Келин за телевизијата „Русија 24“, пренесува „Спутник“.

Тој додаде дека Лондон е финансиска престолнина на светот, а доколку дојде до конфискација, тоа ќе удри врз авторитетот на градот и државата како финансиска престолнина, па тешко дека ќе се задоволат со таков чекор.

„Иако во сегашната политичка ситуација гледаме дека политичките интереси ги надминуваат сите разумни аргументи, вклучително и разумните ситуации. Ништо не може да се исклучи“, рече тој.

Претходно, шефицата на британската дипломатија најави дека не исклучува конфискација на имотот на руските олигарси во Лондон како дел од зајакнувањето на санкциите против Москва, доколку ситуацијата околу Украина се влоши.

На почеток