Актуелно

Руските сили истрелаа ракети врз Змискиот остров

Утринава руските сили истрелаа ракети врз Змискиот остров во северозападниот дел на Црното Море, од кој се повлекоа на почетокот на неделава.

Мета бил и блискиот град Одеса, објави Серхи Братчук, портпарол на воената управа на тој град.

Да потсетиме, неколку воени експерти рекоа дека сметаат дека повлекувањето на Русија од Змискиот остров и „добрата волја“ како што е претставена од Москва е всушност тактичка одлука бидејќи тие острови тешко се бранат, но лесно можат да бидат нападнати со ракети.

Брачук на својот канал на Телеграм изјавил дека две ракети предизвикале „значителна штета“ на пристаништето на островот, пренесува Гардијан.

Тој додаде дека и Одеса била нападната пред зори и дека биле погодени два комбајни и уништени се 35 тони жито.

На почеток