Борељ: Лавров не покажа почит
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не присуствуваше во поголемиот дел од попладневната сесија на членките на Г-20 на Бали, изјави денеска Жосеп Борељ.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борељ, изјави дека Лавров ја напуштил просторијата по излагањето.
Борељ им рече на новинарите дека Лавров ја завршил својата презентација и дека не чекал да ја слушне презентацијата на другите и дека „не покажал почит“, наведува Ројтерс.
Претходно денеска Лавров ги критикуваше западните земји за, како што рече, „безумната критика“ на Русија, наведува британската агенција.
Во Бали, Индонезија денеска почна состанокот на министрите на 19-те најразвиени земји во светот, заедно со Европската унија.