„САД сакаат да ја продолжат војната по секоја цена“, вели руската амбасада во Вашингтон
Соединетите Американски Држави продолжуваат да ја снабдуваат Украина со се повеќе и повеќе оружје.
Вклучувајќи го и високоподвижниот артилериски ракетен систем М142, познат и како ХИМАРС, бидејќи по секоја цена сакаат да ја продолжат војната, се вели во соопштението на руската амбасада во Вашингтон.
Соопштението уследи по одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да и додели уште еден пакет воена помош на Украина, вреден околу 400 милиони долари, пренесува ТАС С.
„Посветивме внимание на соопштението на Пентагон за претстојната испорака на уште четири системи Химарс во Украина. Зад таквата одлука стои незапирливата желба на Вашингтон да го продолжи конфликтот по секоја цена, со испраќање оружје за да се компензира за зголемените загуби на вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението на руската амбасада во САД.
Министерството за одбрана на САД претходно прецизираше дека новонајавениот пакет воена помош за Украина од околу 400 милиони долари, вклучува четири дополнителни високомобилни повеќецевни артилериски ракетни системи (HIMARS) и „друга опрема“.