Актуелно

„Сладолед е поврзан со појава на листерија од која почина едно лице“, вели ЦДЦ

Епидемијата на листерија која уби едно лице и заболи 22 други низ САД е поврзана со бренд за сладолед што се продава во Флорида, според Центрите за контрола и превенција на болести. Секој кој има производи од Big Olaf Creamery, со седиште во Сарасота, треба да ги фрли, велат од ЦДЦ.

„Покрај отстранувањето на сладоледот од домот, луѓето треба да ги исчистат местата, контејнерите и приборот за сервирање кои можеби ги допирале производите. ЦДЦ препорача слични упатства за малопродажните локации кои продаваат сладолед Биг Олаф и ги охрабри да престанат да ги продаваат производите „до понатамошно известување“, се вели во соопштението на ЦДЦ во саботата.

Минатата недела ЦДЦ соопшти дека 23 пријавени случаи на листерија дошле од 10 различни држави. Речиси сите пациенти или живеат во Флорида или патувале таму околу еден месец пред да се разболат.

Едно лице во Илиноис почина откако се зарази со болеста, соопшти ЦДЦ. Петмина од лицата биле бремени, од кои едната го загубила плодот.

Листеријата e бактериска инфекција предизвикана од јадење контаминирана храна, е најопасна за оние кои се бремени, луѓето над 65 години и оние со компромитиран имунолошки систем. Симптомите обично започнуваат две недели по јадењето на храната, но може да започнат веднаш истиот ден или до 70 дена подоцна. Симптомите исто така може да личат на вообичаени симптоми на труење со храна, вклучувајќи дијареа и треска, а повеќето луѓе кои ги доживуваат овие симптоми се опоравуваат без третман, информира ЦДЦ.

На почеток