Акција на полицијата: Пронајдена дрога, регистрирано точење на алкохол на малолетници


„На 09/10.07.2022 во периодот од 23.00 до 03.00 часот на подрачјето на Прилеп, во рамки на превентивната активност „Безбедно лето 2022“, беше извршена контрола низ градските паркови и места каде има зачестено присуство на малолетници. За време на контролата кај А.Ч (26) и И.Д.(29), двајцата од Прилеп беше пронајдена марихуана. Тие беа лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.
Тие додаваат:
Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција, Сообраќајна полиција, во содејство со Полициската станица од општа надлежност во Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп извршена е контрола во угостителски објекти во Прилеп, при што беа приведени 19 малолетници затекнати во угостителски објект после полноќ, од кои кај 5 било констатирано присуство на алкохол. Приведено е и едно лице поради точење алкохол на малолетници, согласно чл.204 од Кривичниот законик. При контролата бил констатиран и прекршок за неносење на документ за идентификација.
Овие контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел да се превенираат ризиците од девијантни појави, посебно кај младата популација.
