Магазин

Софија Вергара го прослави 50 роденден

Глумицата Софија Вергара викендов го прослави 50 роденден. Таа го прослави со торта и шампањ, а објави и фотографија со пријателите. Фановите ѝ порачаа дека никогаш не изгледала поубаво.

„Среќен роденден. Не си остарела ни малку. Убава си како и секогаш. Како е можно да имаш 50 години, изгледаш како да имаш 25. Изгледаш поубаво од кога било“, и напишаа тие.

Глумицата за роденденот беше облечена во долг фустан со длабоко деколте, а долгата коса ѝ беше благо свиткана. Целата комбинација ја заокружи со пристоен накит и нешто посилна шминка. Вергара позираше со семејството и пријателите, а фановите и посакаа најубави желби.

На почеток