(ВИДЕО) Автомобили удрија во стадо диви свињи во Грција, меѓу повредените и Македонка


Двајца лица загина, а четворица се повредени, меѓу кои и наша сограѓанка во сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили и стадо диви свињи во соседна Грција.
Меѓу повредените се и тројца полицајци, во несреќата која се случила вчера околу 11:30 часот, на новиот националниот пат Солун – Нео Петрициу.
Како што пишува „Ин.гр“ не е првпат дивите свињи да излезат на коловоз и да станат причина за тешки сообраќајни несреќи.
До несреќата дошло откако патролно возило со 42-годишен полицаец како возач и двајца негови колеги (44 и 36 години) како патници се судриле со стадо диви свињи кои поминувале и излетале од својот курс. Потоа, возило управувано од 56-годишен странец, државјанин на Македонија со 50-годишна сопатничка, налетало на истото стадо, се превртело во соседната нива.
Потоа, друго возило со 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник се судрило со службеното возило, при што животот го загубиле и двајцата патници во третиот автомобил.
Повредени се 50-годишната сопатничка од второто возило и тројцата полицајци, кои се задржани на лекување во Општата болница Кукуш.
Одделението за сообраќај Кукуш врши прелиминарна истрага за причините за несреќата.
