Македонија

За грчкото МНР, изјавата на Мицкоски е провокација: Прашањето е решено, конечно и неповратно

Официјална Атина одговори на изјавите на Христијан Мицкоски, кој рече дека Скопје не го смета спорот за името со Грција решен.

Мицкоски, велат од грчкото МНР, се обидува да го врати во преден план прашањата кое веќе е решено, како што знаеме конечно и неповратно“.

Тоа е одговор на коментарите на Мицкоски на собирот на, како што пишуваат грчките медиуми „Северномакедонците“ во Њу Џерси.

„Треба да почнеме да победуваме во Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз, Рим ако сакаме, конечно, македонското прашање да дојде до својата завршница. Нашето прашање не е решено. Тоа тлее со векови и сè уште постои“, рече премиерот.

„Овој настан е провокација за Грција”, велат од Миинистерството за надворешни работи на Грција.

„Грција потсетува дека натамошниот напредок на билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот курс на соседната земја бараат целосно почитување на договорот од Преспа и, се разбира, воздржување од иредентистички прокламации и претензии кон соседните земји“, посочуваат од грчкото МНР.

На почеток