Братот на исчезнатиот Мартин: Потребна е поголема покриеност од воздух, копоно и вода
Потрагата по Мартин Јовановски, третиот Македонец по кој се трага на Халкидики, трае. Неговиот брат, Горан, посочува дека потрагата е со значително намален капацитет на луѓе и ресурси. Ова е петти ден од исчезнувањето на Мартин. Семејството се наоѓа во Грција и оттаму бара помош.
„Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата сеуште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух, копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат слободно исконтактирајте ме. Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика“, напиша брат му на исчезнатиот Маритн.