Охриѓани фрлиле кокаин од „бмв“ кога виделе полиција, ама ги фатиле
Од
Објавено на
На 12.07.2022 во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода К.М.(22) и А.П.(22), двајцата од Охрид.
Полициски службеници го забележале А.П. како од патничко возило „бмв“, со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрла ќесе со кокаин.
Дрогата била одземена и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.