Спорт

Ѓоковиќ го освои Вимблдон, а остана седми

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа седмото место на АТП-листата објавена денеска, каде и понатаму прв е Русинот Данил Медведев.

Ѓоковиќ како и минатата недела е на седмото место со 4.770 бодови.

Немаше промени меѓу првите 10, Медведев е прв, пред Александар Зверев од Германија и Шпанецот Рафаел Надал.

АТП листа:
1. Данил Медведев (Русија) 7.775
2. Александар Зверев (Германија) 6.850
3. Рафаел Надал (Шпанија) 6.165
4. Стефанос Циципас (Грција) 5.045
5. Каспер Руд (Норвешка) 4.890
6. Карлос Алкараз (Шпанија) 4.845
7. Новак Ѓоковиќ (Србија) 4.770
8. Андреј Рубљов (Русија) 3.540
9. Феликс Огер-Алиасим (Канада) 3.445
10. Јаник Синер (Италија) 3.185

На почеток