Спорт

Надал за неговото пензионирање и неговата иднина како тренер

Рафаел Надал напорно се подготвува за настапи на турнирите на летната американска турнеја.

Се чини дека повредата на стомачниот мускул е минато и шпанскиот тенисер ќе биде учесник на последниот Грен слем сезонава во Њујорк, кој започнува на 29 август.

На прашањето дали има планови што ќе прави по завршувањето на кариерата, Надал рече дека ќе направи се за да остане што подолго во спортот.

“Знам дека еден ден ќе бидам поранешен спортист. Сепак, ќе останам засекогаш во спортот бидејќи тоа е моја страст и ќе тренирам се додека моето тело ми дозволува”, вели Надал.

Неговата тениска академија бележи одлични резултати, Надал таму игра исклучително важна улога.

„Секогаш ќе бидам вклучен во работата на Академијата, тоа е проект кој го започнавме пред неколку години и станува се посилен. Се надевам дека ќе можам да му посветам повеќе време иако се уште се натпреварувам и патувајќи низ светот“.

На прашањето дали е подготвен еден ден да стане ментор на некој од талентите, не знаел што да одговори.

Имаме многу таленти на Академијата, се надевам дека некоја идна ѕвезда е веќе со нас“, заклучи Надал.

На почеток