Федерер реагираше на доаѓањето на Новак на Лејвер купот


Новак Ѓоковиќ во септември ќе игра во Лејвер купот, а од тоа беше воодушевен и Роџер Федерер.
Швајцарецот, кој планира да се врати на теренот по долга пауза на почетокот на есента на споменатото натпреварување, е дел од Тим Европа, во кој се тој, Новак Ѓоковиќ како и Рафаел Надал и Енди Мареј.
Федерер, кој претходно потврди дека ќе игра, почувствува потреба да реагира на веста дека и Ѓоковиќ ќе биде дел од натпреварувањето, па на инстаграм напиша кратка порака: „Дрим тим“.
Никогаш не се случило членовите на таканаречената „голема четворка“ и поранешните први тенисери на светот да бидат дел од ист тим.
Годинава натпреварувањето се одржува во Лондон во О2 арената, а Ѓоковиќ по четири години се враќа во Лејвер купот.
Интересно е и тоа што Тим Европа никогаш не загубил на Лејвер купот, Европејците беа најдобри во Прага 2017, Чикаго 2018, Женева 2019 и Бостон 2021 година.
