Хрватска и стана непријател на Русија
Руската влада го прошири списокот на непријателски земји.
Како што пренесуваат медиумите, на листата сега се Грција, Данска, Словенија, Хрватска и Словачка.
„Списокот што го утврди владата не е конечен и може да биде проширен со оглед на натамошните непријателски дејствија на државите, насочени против руските претставништва во странство“, се наведува во соопштението на Владата на Русија, објавено на каналот Телеграм, пренесува „Спутник“.
Пет земји беа додадени на списокот поради „непријателските дејствија против Русија, пред се против нејзините дипломатско-конзуларни претставништва“.
Земјите кои се додадени на списокот ќе бидат ограничени во нивната можност да ангажираат соработници во амбасадите, конзулатите и државните претставништва на територијата на Русија.
За Грција е утврден лимит од 34 лица, за Данска границата е 20, а за Словачка 16 соработници.
„Словенија и Хрватска нема да можат да ангажираат соработници во нивните дипломатски претставништва и конзуларни оддели“, се наведува во соопштението.