Магазин

Вилјам Болдвин се извини за изјавата: Се надевав дека САД ќе можат да помогнат во решавањето на конфликтот

Поради натписите кои се појавија во медиумите, а во врска со наводната изјава на Вилијам Болдвин за бомбардирањето на Србија, „Архангел“, продукцијата со која тој соработуваше на проектот „Јужен ветер: На граница“, на негово барање е испрати изјава до медиумите во Србија.

Во соопштението испратено до продукцијата „Архангел“, Вилијам Болдвин наведува:

„Свесен сум за сложеноста на се што се случуваше на овие простори пред години, лесно е да се биде погрешно разбран и погрешно протолкуван во тој контекст.

Мојата намера беше да кажам дека во тоа време бев загрижен за кризата на Балканот и дека се надевав дека САД ќе можат да помогнат во решавањето на конфликтот. Многу ми е жал за жртвите од сите страни и сметав дека сите требаше да се обидат да најдат мирно решение што е можно поскоро.

Се извинувам ако некого навредив или повредив.

Отсекогаш сум чувствувал дека постои големо, важно и уникатно културно богатство што оваа област може да му го понуди на светот. Заздравувањето на раните, начинот на поврзување на луѓето и земјите е преку културата и уметноста. Сакам да бидам дел од тој процес. Балканот е полн со прекрасни, различни луѓе и националности, различни религии и култури, а уметноста и соработката се она што ги урива бариерите од минатото, не обединува и не води напред“.

Како што пишуваа некои регионални медиуми, Болдвин сега е главна ѕвезда на албанските медиуми, како еден од актерите во филмот „Милошевиќ и јас“ на приштинскиот режисер Арбен Кастрати. Медиумите ја пренесоа и неговата наводна изјава во која вели дека посакувал интервенцијата да се случела многу побрзо..

„Среќен сум што го остваруваме сонот на Арбен. Внимателно ја следев приказната за она што се случи во Босна и овде во Косово, и бев голем поддржувач на заедницата во САД која вршеше притисок врз Администрацијата на Клинтон и ја турна да интервенира. Посакувам интервенцијата да се случеше многу побрзо“, ја пренесуваат медиумите наводната изјава на Болдвин, додавајќи дека тој наводно открил дека активно учествувал во подготовките за бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

На почеток