Жители на Лесковац собираат пари за да и платат на Карлеуша да не пее
Откако градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ изјави дека Јелена Карлеуша ќе ја отвори 32-та Роштилијада со нејзиниот настап вреден 20.000 евра, а многумина се незадоволни од таквиот избор, но и од високата цена. Против настапот на Карлеуша се и Движењето за Лесковац, од каде велат дека ќе започнат иницијатива заедно со граѓаните да го наплатат целиот хонорар и да и понудат да не пее во Лесковац.
Тие посочуваат и дека Роштилијада мора да изгледа поинаку, поквалитетно и покултурно во сите сегменти, вклучително и во изборот на изведувачи. Затоа решиле заедно со граѓаните да соберат 20.000 евра, да и ги понудат на Карлеуша и со тоа да го спречат нејзиниот настап на 22 август на отворањето на фестивалот за скара.
Почнуваме кампања за пронаоѓање на 20.000 лесковци кои се спремни да дадат по едно, две, три или повеќе евра (до висината на службената такса за настапот, а ако треба и повеќе) за да соберат доволно средства за хонорарот што ќе и го понудиме на предметната дива – стои во соопштението.
Да потсетиме, минатогодишната Роштилијада ја отвори Светлана Цеца Ражнатовиќ, а жителите тогаш почнаа и петиција за пренасочување на парите за лекување на деца.