(ФОТО) „Еве зошто се скапи лежалките“: Сцена од црногорска плажа го насмеа регионот
Во екот на туристичката сезона социјалните мрежи се преплавени со фотографии од плажите, кои ги документираат најразновидните идеи на туристите.
Луѓето обично носат пешкири на плажа, но еден турист отишол чекор подалеку и со себе донел чадени ребра кои ги закачил под својот чадор.
На Фејсбук профилот „Podgoricki vremeplov“ е објавена фотографија која стана вирална на интернет.
На фотографијата се гледаат зачадените ребра кои висат под чадорот, а туристите очигледно отишле на капење пред да ја конзумираат храната.
„Еве објаснување зошто лежалките се скапи“, напиша еден од корисниците, алудирајќи на тоа зошто цените секоја година се повисоки.
Под објавата имаше хумористични коментари: „Сланината најдобро оди со домати“, „Ова го добивате со лежалки и чадор… хит понуда ова лето“.