Македонија

Гори во беровско, утрово интервенираше и хеликоптер на МВР

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи. Од утрово, податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги Илиев, зборуваат дека тој е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро.

Службените официјални податоци се следниве:

РЦУК – Штип, известува дека во општина Берово, пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште а активен. Во текот на денот на пожарот во утринските часови интервенирал хеликоптер на МВР, додека потоа во попладневните часови интервенирал и авион на ДЗС. На терен интервенирале следните екипи:

· ДЗС – 30 луѓе со 4 возила;

· ТППЕ Берово – 6 луѓе и 2 возила;

· ТППЕ Делчево – 4 луѓе со 1 возило;

· Доброволно ППД Кочани – 5 луѓе со 1 возило;

· ШС Малешево – Берово со 22 луѓе со 3 возила;

· ШС Равна река – Пехчево со 8 луѓе и 2 возила;

· ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило;

· ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило;

· ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила;

· Население – 15 лица.

Од утринските часови на ден 23.07.2022 година, интервенира хеликоптер на МВР, како и 20 лица од ДЗС, 35 лица од шумските стопанства и неколку лица од месно население.

Други пожари во државата часа што биле службено регистрирани во последните 24 се:

РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две интервенции од кои едната била поради запалено стрниште, а другата поради запалена ниска вегетација. Вкупно опожарени се околу 6.000 м2.

Имала и три останати помали интервенции.

РЦУК – Битола, известува дека ТППЕ Битола и ТППЕ Прилеп, во текот на денот имале по една интервенција.

РЦУК – Струмица, известува дека ТППЕ Валандово, во текот на денот имала три интервенции, од кои две биле во с.Брајковци поради запалена ниска вегатација и меѓи, додека третата била од 19:00 до 20:00 часот поради запалена шума на површина од 2 декари во с.Дедели. Во сите 3 случаи интервенирале со по 2 пожарникари и 1 ПП возило.

РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кичево, во која се наведува дека од 12:50 до 14:20 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во с.Црвивци.

ТППЕ Охрид имала една мала интервенција.

РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, од 11:30 до 13:30 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале поради запалена ниска вегетација кај градската депонија.

ТППЕ Кавадарци, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, од 16:00 до 17:00 часот гаснеле запалена ниска вегетација во близина на с.Фариш (на патот кон Плетвар).

На почеток