Свет

Почина Дејвид Тримбл

Почина Дејвид Тримбл, поранешен северноирски премиер и добитник на Нобеловата награда за мир за неговата работа за помирување меѓу протестантите и католиците во Северна Ирска.

Тримбл почина во понеделникот на 78-годишна возраст, соопшти Унионистичката партија Алстер.

„Со голема тага семејството на Лорд Тримбл објави дека тој почина мирно по кратко боледување“, се вели во соопштението на семејството објавено од неговата унионистичка партија Алстер, пренесе Ројтерс.

Тримбл, протестант, влезе во политиката во раните 1970-ти и помогна да се потпише мировниот пакт од Велики петок со католикот, покојниот Џон Хјум, со кого ја сподели Нобеловата награда за мир.

На почеток