Зеленски: Русија врши терор во Европа
Од
Објавено на
Во своето денешно видео обраќање, Володимир Зеленски ја обвини Москва дека користи ограничувања за испораките на гас за да изврши, како што тврди, терор во Европа.
Претседателот на Украина ја повика Европската унија да ги зајакне санкциите против Русија.
„Русија го прави сето ова намерно за да им го отежне што е можно повеќе на Европејците да се подготват за зимата“ објави тој на Фејсбук.