Свет

„ЕУ инвестира во борбени операции, а лицемерно јавно изјавува дека наводно и дала на Русија ‘маслиново гранче на мирот’“, вели Захарова

Со тоа што ќе продолжи да испорачува оружје на Украина, ЕУ замижува пред целосната корупција на властите во Киев, изјави Марија Захарова.

„Сите последни пет месеци на континуирано испумпување оружје во Украина, Западот се обидуваше да ја прикрие незгодната вистина за невидените ризици од оваа политика (продолжување на испораките на оружје за Украина) за внатрешната безбедност на Европската унија и нејзините граѓани. “, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

Според неа, тие замижувале пред целосната корупција на властите во Киев, објави Спутник.

Сè беше жртвувано на амбициите на поединечни лидери на ЕУ и нејзините земји-членки да предизвикаат што е можно поголема штета на Русија“, рече Захарова.

Таа нагласи дека сега европската полиција Европол треба отворено да признае дека оружјето што и се испорачува на Украина „плови“ во европските земји и ги полни арсеналите на локалниот организиран криминал.

„Не случајно на 11 јули во Молдавија беше отворен Центарот за поддршка на ЕУ во областа на внатрешната безбедност и управувањето со границите, чија една од клучните задачи е спречување на шверцот на оружје и мигранти во Европската унија“, заклучи Захарова.

„Со снабдување со оружје и опрема за Украина, Европската унија продолжува да инвестира во понатамошни борбени операции, но секој обид да се постигне победа на бојното поле е пат кон пропаст и за Киев и за Брисел. Во исто време таа лицемерно јавно изјавува дека наводно и дала на Русија „маслиново гранче на мирот“. Секој обид да се постигне „победа на бојното поле“ е директен пат до пропаст и за Киев и за Брисел“, се вели во коментарот на Захарова.

Портпаролката посочува дека издвојувањето пари за набавка на оружје укажува на целосна неподготвеност на ЕУ да промовира политичко решение во Украина.

„За нешто повеќе од една година од постоењето на Европскиот фонд за мир, кој, со оглед на неговата употреба за испорака на оружје, поточно се нарекува воен фонд, веќе се потрошени 2,5 милијарди евра за вооружување на Украина – речиси половина од нејзиниот буџет, пресметано до 2027 година“, изјави таа.

Според неа, за воените злосторства извршени од украинските вооружени сили и неонацистички баталјони, убиствата на цивили, жени, стари лица и деца, уништување на цивилната инфраструктура, вклучително и мостови, спонзорите на ЕУ треба да ја сносат истата одговорност како и режимот во Киев.

На почеток