Свет

Во Украина, авион на „Туркиш ерлајнс“ – излетал од писта

Инцидент на меѓународниот аеродром во украинскиот град Лавов, за среќа без жртви. Патнички авион на „Туркиш ерлајнс“ излетал од пистата додека се подготвуваше да полета кон Истанбул.

Во соопштението од аеродромот се наведува дека ниту еден од 59-те патници и шестте членови на екипажот не се повредени во инцидентот.
Поради инцидентот, кој се случи утрово во 8 часот и 30 минути, одложени се летовите кон Турција, Полска, Германија, Италија, Египет и Велика Британија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток