Коментари

Коментар на денот: Илиден е непокор, а Илинденците се нападнати и денес од коие кои мртви сакаат да ги победат и збришат

„Илинден е непокор, вечна борба, сеќавање на жртвите кои ги дале многу луѓе за да ја имаме Македонија. Многу битки се воделе, многу гробови се ископале, многу семејства останале без своите, а како што изгледа битките не се готови. И денес се нападнати и Илинденците и партизаните од оние кои мртви сакаат да ги победат и да ги збришат, но ние живите нема да им дозволиме“, коментира Божидар Божиноски, сценарист и критичар.

Тој додава:

1903-та се крена поробен народ, негиран и мал, заедно со сите други народи кои живееа тука, братски, против една окупација. Може и никогаш немаа шанса да издржат повеќе од 10 дена против моќна империја, но на нивниот пример конечно се оствари вековниот сон да имаме држава.

1944-та повторно заедно и Македонци и Албанци и Турци, Роми, Власи го довршија делото на Илинденците со пушка во рака и петокрака на чело против најголемото зло – фашизмот. Никој не ни ја подари Македонија, Македонија е платена со крв и животите на многу партизани и партизанки, антифашисти чија борба не ни дозволува да се откажеме пред налетот на фашизмот во ова време. Биле победени фашистите еднаш, ќе бидат на колена повторно.

Македонија е убава земја, но лоша држава. А можеме и ќе биде подобро.

На почеток